Стружанец заработи кривична пријава поради пуштање во промет дрога во затвор

СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С. (26) од Струга, на издржување на казна затвор во Казнено поправниот дом Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Пријавениот, како затвореник во Затвор Штип, за време на викенд отсуство неовластено, заради продажба, од непознато лице набавил неодредена количина на наркотична дрога марихуана, која потоа ја препакувал во мали пакувања и ја внел во затворот. На 15.02.2017 година, по извршен претрес, пронајдени се 19 пакувања наркотична дрога марихуана со вкупна тежина од 5,32 грама.