Студентска крводарителска акција во ФТУ

Во рамки на одбележување на Неделата на Црвениот крст под мотото „НАСЕКАДЕ ЗА СЕКОГО“, Црвен крст Охрид денес, од 10-14 ч. на Факултетот за туризам и угостителство ќе организира студентска крводарителска акција.

Се покануваат студентите на двата факултети во Охрид, но и секој кој сака да ја искаже својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност да бидат активни учесници на оваа крводарителска акција.

„Особено ги охрабруваме и апелираме до оние кои имаат крвна група АБ негатив, да даруваат крв на оваа акција, која ќе се употреби за операција на наш сограѓанин.“ – велат од Црвен крст Охрид.