Европското првенство во кајак на диви води во спринт и класик за сениори ќе се одржи на патеките на реката Вардар и Матка во Скопје.
176 учесниви од 18 земји ќе продифелираат со своите кајаци во наредниве четири дена и ќе го збогатат спортскиот изглед на Скопје.
„Голема е честа, но и одговорноста за организација на еден ваков настан каков што е Европско сениорско првенство во кајак на диви води во спринт и класик. Агенцијата за млади и спорт секогаш е главниот подржувач на настани организирани од кајак федерација на Македонија, која во изминативе години е водечка во oрганизирање на натпревари од меѓународен карактер.“ – ситакна директорот на АМС, Марјан Спасески.
На прес конференцијата зборуваа и претседателот на кајак федерацијата на Македонија Коста Ефтимов, како и спортскиот директор на кајакарската федерација на Македонија и технички организатор на натпреватрот, Атанас Николовски.
„Припремите за старт на Европското првенство во кајак на диви води е во завршна фаза. Очекуваме оклу 180 старта, што укажува на масовност на ова натпреварување, а за квалитетот зборува учеството на словакот Матеј Пенуш, второпласираниот на ОИ Рио, Нејц Ждинанчиќ од Словенија, Томислав Леко од Хрватска, како и одличниот тим од Франција, сите кои во моментов се во врвот на европскиот и светски врв“, – истакна Николовски.
Тој изрази голема благодарност до сите волонтери од Македонија, на кои на големо задоволство им се приклучуваат и волонтери од Босна.
Посебно е задоволството што овогодинешниот меѓународен календар на натпревари стартува токму од Македонија, која е домаќин на Европското јуниорско во 2018, но е и еден од посериозните кандидати за организација на светското сениорско кое е на календарот на натпревари во 2019.
Македонскиот тим брои 7 натпреварувачи од кои 4 во К1, 1 во Ц1 и двајца во Мастерс. Најмногу се очекува од Љубомир Спасиќ, вториот од европскиот куп во спринт.