Во Охрид одбележан Денот на мајката

ЖЦ „Бисера“ од Охрид традиционално и оваа година го одбележа 12ти мај – Денот на мајката. Во ОУ „Св.Климент Охридски“ Охрид вечерва се одржа манифестација, на  која учествуваа дечиња од градинката „Јасна Ристеска“, како и ученици од сите основни училишта,  меѓу кои и ОУ „Григор Прличев“ Охрид.

Учениците од ОУ „Григор Прличев“ пред присутните се претставија со две точки, под менторство на наставничката Фанче Наумоска.

За најдобрите литературни и ликовни детски творби по објавениот конкурс на тема „Мајка“ беа доделени награди и признанија.

Ова се наградените ученици од ОУ„Григор Прличев“

  • Мартин Ашталкоски IV 2 одделение I награда ликовен одделенски
  • Матеј Грозданов VIII1  II награда ликовен и предметна (Ристе Пуцоски ментор)
  • Марија Наумоска VII4 III награда литературен, предметна (Силвија Мојсоска ментор)
  • Дамјан Наумоски IV2 II награда литературен, предметна, одделенски 

WebOhrid