Одржано Годишното собрание на Сојузот на акцијаши и волонтери на Македонија

Сојузот на акцијаши и волонтери на Македонија денес во Големата сала на општина Охрид  го одржа првото Годишно собрание, на кое се разгледа извештајот за едногодишната активност и можноста за организирање меѓународен волонтерски камп „Охрид 2017“.

„Денес 30тина делегати од 4 града, од Скопје, од Куманово, од Штип и до Охрид ќе го усвојат извештајот за  едногодишната работа на акцијаши и волонтери на Македонија. Ќе покренеме иницијатива за Меѓунароен волонтерски камп „Охрид 2017“, каде што присутни ќе бидат нашите пријатели скоро од сите балкански земји. Се надевам дека денеска ќе побудиме малку и емоции, ќе ги заинтигрираме младите да се вклучат во нашата идеја за хуманост, солидарност, за акција, и сега во овој момент броиме некаде околу 2о0 членови од кои што се млади, од основните училишта.“ – изјави претседателот на Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“, Зоран Стевоски.

Лицата кои први со својата хуманост, солидарност и акција се вклучија и им помогнаа на несреќните од поплавите во Скопје, заедно со своите пријатели од Балканот и своите млади членови, повторно заедно по состанокот изведоа акција за расчистување на зелениот простор од Билјанини извори до хотел „Белведере“ во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“.

WebOhrid