Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” денес активно се ангажирани на хортукултурно уредување на патеката на потегот од мостот кај „Бијланини извори” до хотелот Парк.
„Се полнеа со земја бетонските жардинерии и се засадуваа нови садници од сортата „Каталпа”, како и украсни зелени садници од сортата „Туја” и „Луницера”, кои ќе дадат поубав естетски изглед на патеката.“- велат од претпријатието.