Успешно заврши реализацијата на втората сезона од веќе познатиот и општо прифатен проект на Извидничкиот езерски одред „Пионер” од Охрид, наречен „УЧИЛИШНИ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ”.
Како и минатата година така и оваа со завршувањето на училишната година заврши повеќе месечниот циклус на овогодинешните Училишни игри без граници – 2017.
Игрите започнаа во месец февруари и се одржаа во повеќе основни училишта од Охрид и Дебрца. На истите во оваа сезона зедоа доброволно учество повеќе од 400. ученици од второ до деветто одделение.
Со спроведување на проектот во кој се преплетуваа забавно-едукативни активности,учениците ги развиваа психофизичките способности, а со самото учество во екипен состав секој ученик ја развиваше тимската работа и натпреварувачкиот дух стремејќи се кон освојување на првото место.
На овогодинешното финале кое се одржа во топол амбиент во училишната сала од ОУ „Григор Прличев” во Охрид учествуваа 40 екипи.
До самиот врв стигнаа екипите:
-ХЕРОЈ од III-6 одд. при ОУ „Братство Единство“ – Лескајца која освои ТРЕТО МЕСТО,
-МАФИЈА од VI одд. при ОУ „Христо Узунов“ која освои ВТОРО МЕСТО и
-ЅВЕЗДИ од IV-4 одд. при ОУ „Григор Прличев“ која го освои ПРВОТО МЕСТО.
„Да потсетиме дека проектот е прифатен и поддржан од Општина Охрид преку секторот за образование и директорите на основните училишта втора година по ред за што, како организатори изразуваме голема благодарност.“ – вели Зоран Костоски Старешина/претседател на ИЕО Пионер.