Кривични пријави за две лица од Скопје кои нападнале лице во кафе бар во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело, тешка телесна повреда”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Б.(22) и Д.Ј.(22), двајцата од Скопје.

Пријавените, казненото дело го сториле на 29-ти минатиот месец по жестока вербална караница во кафе барот „Кадмо“ со Ј.М. (24) и С.Б. двајцата од Скопје. По караницата, пријавените го напуштиле кафе барот и надвор го сочекале Ј.М. по што продолжиле со вербалната расправија. Набрзо, тие и физички го нападнале удирајќи го со тупаници во пределот на главата.

Силниот физички напад, го спречиле другарите од оштетениот Ј.М. како и случајни минувачи. Тој, веднаш потоа бил префрлен во Општата болница во Охрид каде биле констатирани тешки телесни повреди односно фрактура на носна коска. Повредениот Ј.М. бил задржан во Општата болница каде му била пружена неопходната медицинска помош.