Нова спортско – рекреативна манифестација во Охрид

Охрид ќе добие нова спортско-рекреативна манифестација – “Охрид трчаТ“, која ќе се одржи од 1 до 4 јуни. На денешната прес конфереција, Иван Цветкоски во името на организаторот, Асоцијацијата за спортови СПОРТ ЗА СИТЕ-СИТЕ ЗА СПОРТ, ги претстави деталите за целиот настан.

„“Охрид трчаТ“ викенд 2017, како спортско – социјален настан ќе придонесе кон издигнување на квалитетот на понудата на Охрид и Македонија, нешто што ни е повеќе од потреба. Асоцијацијата на спортови имајќи ја одговорноста и почитта кон атлетската охридска традиција, пристапи амбициозно во организирање на овој настан, се со цел заеднички да создадеме квалитетен производ со кој ќе се гордееме сите ние, на задоволство на сите наши сегашни и идни генерации. На трката ќе има неколку дисциплини : Главна трка на 10000 метри , рекреативна трка на 5000 метри, бизнис тим билдинг трка на 5000 метри, школска трка на 1000 метри, детска – бебе трка на 200 метри, семејна тимска трка на 200 метри и трка за лица со попреченост на100 метри. Учество може да земат професионални атлетичари, рекреативци, ученици од основно и средно образование, разни спортско социјални групи, деца од градинка, бизнис компании и институции. Наш таргет е да достигнеме 1000 учесници“ – рече Цветкоски.

Градоначалникот Бакрачески го истакна задоволството од успешниот тек на подготовките за манифестацијата и промотивната кампања која ја води организаторот.

„Сето ова се случи неодамна кога двајца од организаторите , Иван Цветкоски и Јоне Станкоски дојдоа кај мене да ја презентираат идејата. Не го кријам свето воодушевување од презентациајта на оваа манифестација, со оглед дека периодот за организација беше краток. Претпоставив дека визијата и целите кои ги имаа организаторите се важни и за промоција на Охрид како бренд и за збогатување на туристичката понуда на Охрид. Тука ја препознавме вредноста и ја прифативме понудата на организаторите и се вклучивме во поддршка на оваа манифестација. Со ваква манифестација се подига и свесноста на младите генерации за потенцијалите на Охрид за активно спортување и развој на здрави животни навики како услов за борба против пороците. Тому затоа финансиски и логистички се вклучивме во кампањата и организацијата. Целата логистика на општината и јавните претпријатија во ресурси и опрема ќе се стават во развој на манифестацијата, а сиурен сум дека целите ќе се постигнат„ – изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

Антонио Додевски ја презентира патеката која се движи по улиците “Македонски просветители“, “Партизанска“, “Димитар Влахов“, Кеј “Македонија“ и во стариот дел на градот од Горна порта низ улицата “Илинденска“ до градскиот плоштад. Учество може да земат професионални атлетичари, рекреативци, ученици од основно и средно образование, разни спортско социјални групи, деца од градинка, бизнис компании и институции. Пријавувањето за трките е преку електронскиот портал www.smartrace.club.