Лутфиу присуствуваше на доделување на признанија за најдобрите студенти

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу им ги додели признанијата на најдобрите студенти од трите најдобро рангирани високо образовни установи во земјата, согласно Законот за високото образование,кои ги исполнија условите од конкурсот на Министерството за образование и наука за бесплатно патување на една од трите европски дестинации Париз, Венеција и Барселона.

Во своето обраќање тој им го честиташе успехот на студентите и ги посочи како пример за идните генерации кои ќе одлучат да продолжат со универзитетското образование.

„Голема почит до вашите родители и семејства кои придонесоа за вашиот досегашен успех. Посебна чест претставува и за нас како Министерство за образование и наука да ги доделиме овие признанија, кои треба да бидат мотив да продолжите со успесите“, рече Лутфиу.

Инаку, признанијата беа доделени за време на дебатата на тема Комуникација, која ја организираше Европскиот институт во Скопје.