На ден 16.05.2017 во рамките на училишните спортски лиги на сојузот за училишен спорт Охрид под покровителство на Локалната самоуправа Охрид организираше финален турнир во одбојка во Спортската сала „Билјанини Извори“ за основни училишта. Учествуваа четири екипи, кои со заеднички сили се потрудија да одиграат најдобро што можат за своето училиште. Се одиграа два натпревари, а постигнати беа следните резултати:
Натпреварот за трето мессто се играше помеѓу учениците од ОУ „Св.Наум Охридски“ Пештани и ОУ „Живко Чинго“ Велгошти и како победник на овој натпревар е екипата на ОУ „Св.Наум Охридски“ Пештани која го освои третото место на одбојкарскиот турнир.
Во финалниот напревар играа екипите на ОУ „Братство Единство“ и ОУ „Ванчо Николески“ Лескоец и како победник на овој натпревар е екипата на ОУ „Братство Единство“ која го освои првото место на одбојкарскиот турнир, а екипата на ОУ „Ванчо Николески“ Лескоец го освои второто место на одбојкарскиот турнир.
Училишните спорски лиги продолжуваат наредната недела со финалните натпревари во футсал и натпреварите во атлетика за основни и средни училишта.