Јавен повик за натпревар за најдобро видео во рамки на Националната кампања „Информирај се сега!“

Јавен повик за натпревар за најдобро видео во рамките на Националната кампања „Информирај се сега!“

Во рамките на Националната кампања „Информирај се СЕГА!“ Коалиција СЕГА со  Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенцијата за Млади и Спорт (АМС) и Универзитетот Гоце Делчев, Штип организираат Натпревар за најдобро видео кое најдобро ќе ги прикаже перфомансите на мобилната апликација Млади АМС. (Мобилната апликација е достапна на следниот линк.)

Наградниот Фонд за најдобро видео изнесува 500 евра во денарска противвредност, и истиот го доделува Агенција за млади и спорт.  

Критериуми за учество:

  • Студенти на возраст од 18 до 25 години
  • Студенти од сите државни и приватни универзитети во Р. Македонија
  • Студентите можат да учествуваат на Натпреварот во тимови или индивидуално.

Начин на пријавување:

Заинтересираните студенти/тимови можат да се пријават преку пополнување на пријава за учество најкасно до 22.05.2017 година достапна на следниот линк.

Пријавените студенти/тимови ќе имаат задача да подготват видео кое ќе биде од едукативен и информативен карактер и најдобро ќе ги прикажува содржините кои се наоѓаат на мобилната апликација за младинско информирање Млади АМС. Видеото може да биде комбинација од три или повеќе од следните дигитални медиумски видови: текст, звук, видео, графика и анимација.

Формат на видеото:

  • Да не биде подолго од три минути
  • Најдобро да ги прикажува перфомансите на мобилната апликација
  • Форматот на производот мора да биде компатибилен со YouTube – MP4
  • Да биде со резолуција HD (720p – 1080p)

Видеатa на Натпреварот ќе ги евалуира стручно жири составено од тројца професори на УГД,  еден вработен во АМС и еден од Коалиција СЕГА.

Видеата треба да бидат испратени во MP4 Формат на следната  email  адреса:  infosega@infosega.org.mk најкасно до 10.06.2017 година.

Сите прашања поврзани со Натпреварот може да ги поставите на следниве e-mail адреси: infosega@infosega.org.mk или marice@infosega.org.mk .

Кампањата „Информирај се СЕГА!“ ја спроведуваат Коалиција СЕГА со Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт и има за цел да им овозможи на младите луѓе безбедно да дојдат до квалитетни интернет информации кои им се потребни, и да бидат целосно описменети како дигитални учесници во денешното информатичко општество.

Кампањата „Информирај се СЕГА!“ се реализира со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот од Долна Нормандија од Франција.