МОК домаќин на Конференцијата на Европскиот олимписки комитет и Форум на Меѓународниот олимписки комитет

Во периодот 18-21 Мај, Македонскиот олимписки комитет е домаќин на Меѓународниот олимписки комитет и на Европските олимписки комитети на собирот на кој ќе се презентираат извештаи за зимските Олимписки игри ПјонгЧанг 2018, Младинските олимписки игри Буенос Аирес 2018, Европските игри Минск 2019, летните Олимписки игри Токио 2020, зимските Олимписки игри Пекинг 2022, а извештај ќе поднесе и Светската Анти Допинг Агенција како и организаторите на зимскиот Европски младински олимписки фестивал Ерзурум 2017 и Летниот Европски младински олимписки фестивал Ѓер 2017.

Олимпискиот канал, спортскиот и финансискиот менаџмент, користењето на социјалните мрежи и еволуцијата на дигиталната комуникација ќе имат исто така важно место на оваа конференција.

Овој настан ќе биде во живо пренесуван на МОК ТВ и превземен од страна на Европскиот олимписки комитет и Олимписки канал на ИОК.

линк за следење на пренос во живо:

https://www.youtube.com/watch?v=04k5si3dzCg&feature=youtu.be