„Поточиња 2017” во Охрид на 30ти мај

Љубителите на најдобрите детски хитови од детскиот фестивал „ПОТОЧИЊА”  ќе имаат можност во Охрид да го проследат новото издание на фестивалот „ПОТОЧИЊА 2017”. Фестивалот ќе се одржи во вторник на 30 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид (голема сала) во 11 часот.

Детскиот фестивал „ПОТОЧИЊА“ на македонската сцена за прв пат се појави во 2004 година. Со своите песнички за брзо време ги освои срцата на најмалите љубители на музиката и редовно секоја година со своето одржување ја најавува пролетта. Одржувањето на овој фестивал им овозможува на сите дечиња, преку песничките да зачекорат во светот на семејството, училиштето, здравите навики, природата, екологијата, бајките, сказните.

Поддржувачи на фестивалот се „ЛАДНА“ и Стоматолошката ординација „Д-р Сашо Стоев“ од Охрид.

Влезниците ќе бидат по цена од 100 денари. За секоја купена влезница ќе биде обезбедено освежување од „ЛАДНА“ и пригодни подароци од Стоматолошката ординација „Д-р Сашо Стоев“ како и ваучери со попуст за користење на стоматолошки услуги во истата. Најраспеаните дечиња ќе добијат ЦД со најдобрите хитови од „ПОТОЧИЊА“.

Се покануваат најмалите охриѓанчиња да уживаат во најновите хитови од „ПОТОЧИЊА 2017“. Организатор на настанот е „ПАП ПРОДУКЦИЈА“.