Матурата е ден од соништата, ден на забава, веселба, дружење и сеќавање на убавите моменти од средното образование…
Матурската забава е настан којшто се чека цела година.
Матурантите од Општинското угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“ ја имаа својата матурска забава во хотелот „Силекс“, организирајќи с`е да биде совршено до најситен детал.
Најпрво во украсениот училишен двор со балони се фотографираа и играа пеејќи со музиката за која се погрижија самите ученици поканувајќи свирачи а потоа поминувајќи по црвениот тепих организирано тргнаа кон х. „Силекс“ каде што беа пречекани со различни видови коктели покрај самиот базен и спектакуларен огномет.
Со подеднаква раскошност и момчињата и девојчињата како тукушто да стигнале од гламурозен фестивал во весела атмосфера до раните утрински часови ја прославија незаборавната ноќ во која играа, пееја и ги прераскажуваа средношколските случки, мигови поминати во средношколските клупи и незаборавни моменти.
Честито матура!