Охриѓанец изгубил контрола и удрил во дрво – сопатничката тешко повредена

На 21.05.2017 година во 01.00 часот во Скопје, на крстосницата од ул. „Владимир Полежановски“ и ул. „Адолф Циборовски“ се случила сообраќајна незгода во која К.С. (24) од Охрид, управувајќи ПМВ „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во дрво.

По незгодата, со возило на брза помош, сопатничката М.М. (25) од Скопје била пренесена во Ургентен центар Мајка Тереза, каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди и е задржана на понатамошно лекување.