Овој викенд во Скопје се одржа Државниот натпревар „Детски семафор 2017“ година на кој учество зедоа ученици од Општина Охрид, кои претходно постигнаа одлични резултати на регионалниот натпревар што се одржа во Општина Кичево.
Екипата на ОУ „Кочо Рацин“ која беше најдобро пласирана на општинскиот и регионалниот натпревар „Детски семафор 2017“ освои награди и на Државниот натпревар под менторство на проф. Јулија Крстева.
Имено, Мартин Димитриевски од ОУ „Кочо Рацин“ Охрид го освои првото место, а во екипен пласман на Државниот натпревар „Детски семафор 2017“ екипата на Општина Охрид, го освои второто место.