Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод Националниот ден на Власите

Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница во Охрид.

„Припадниците на влашката етничка заедница, со својата богата култура и општествено делување, претставуваат нераскинлив дел од историјата на Република Македонија.Власите со нивната култура, срдечност и мирољубивост се составен дел на македонското општество, а влашката заедница давала и дава значаен историски, општествен и културен придонес во современата македонска држава. Нивниот придонес е осведочен и во развојот на локалната заедница. Ние како нивни сограѓани сме убедени дека Влашката заедница е нераскинлив дел од заедничкото минато,сегашност и иднина.Затоа, искрено и недвосмилено заеднички се трудиме да градиме соживот и демократија на рамноправни граѓани.

Честитајќи ви го Националниот ден на Власите, дозволете ми да го изразам своето уверување дека со заеднички напори ќе продолжиме да работиме во интерес на локалната заедница, за подобар живот на сите граѓани и напредок во секоја област на живеењето“ – се вели во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески.