Народен Театар Охрид ќе гостува во Белград и Германија

Во среда, 24-ти мај, на покана на македонското друштво „Македониум” од Белград, во Народниот Театар ќе се одигра претставата „Аналфабет” од Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески. Во претставата играат актерите: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Елизабета Стефановска.

Претставата е дел од манифестацијата „Денови на Македонската култура во Белград – Допирот на Македонија”. Почетокот на истата е во 20:30 часот.

Турнејата понатаму продолжува во Германија, поточно во Франкфурт, каде ќе се одигра театарската импровизација – „Импровокација”, со актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски, подпомогнати од Филип Жура. Организатори на настанот се Македонското културно и спортско друштво “Македонија” – Франкфурт. Импровокација ќе се одигра во сабота 27-ми мај, со почеток во 19:30 часот.