На 22.5.2017 во ОУ „Кочо Рацин “ Прилеп се одржа Државниот натпревар по македонски јазик каде ученичката Искра Атанасова –Митуш од ОУ „Григор Прличев“ го освои првото место, под менторство на наставничката Сузана Маленкова.
Благодарение на успехот на ученичката следната 2018 година Државниот натпревар по македонски јазик ќе се одржи во ОУ „Григор Прличев“ Охрид.