СВР Скопје продолжува со активностите за расчистување на настаните од Собранието

Во врска со настаните што се случија на 27.04.2017 година во Собранието на Република Македонија, СВР Скопје продолжува со преземање соодветни мерки и активности во насока на идентификување на останати лица учесници во настаните кои презеле дејствија кои имаат елементи на сторено кривично дело.

Притоа, на 22.05.2017 година на разговор биле повикани лицата Д.М. (28) од Виница, И.П. (39), З.З.(47) и Н.П. (37), сите од Скопје. Истите, по извршените разговори се ослободени, а во консултации со Јавен обвинител ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Воедно, по наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес во дом и други простории кај лицето Ј.Л. (41) од Скопје, при што не се пронајдени предмети со кои е извршено кривично дело или потекнуваат од извршено кривично дело. Со Ј.Л., исто така, е изврш разговор по што бил ослободен. Во консултации со Јавен обвинител против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните што се случија на 27.04.2017 година во Собранието на Република Македонија и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните.