Третоодделенците од ОУ „Григор Прличев“ на екскурзија во Битола

Учениците од трето одделение од Основното Училиште „Григор Прличев“ Охрид, денес реализираа еднодневна екскурзија во Битола.

Тие заедно со своите наставнички се прошетаа по битолската чаршија, го посетија Народниот театар, и Зоолошката градина. За учениците беше организиран и ручек.

На крај учениците се вратија задоволни и среќни што ја имаа оваа прекрасна незаборавна екскурзија.

WebOhrid