Претставата „Аналфабет“ во сабота пред охриѓани

По повод роденденот, 6 години Народен Театар Охрид во сабота 03.06.2017 ќе биде изведена претставата „Аналфабет“ – комедија според Бранислав Нушиќ, во режија Ѓорѓи Ризески. Претставата ќе биде со почеток во 20 часот.

Во  претставата играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша, Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија, Елизабета Стефановска – Магдалена Лапајкоска – Дупева.

Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

Картите се по цена од 100 денари со 50% попуст. Претставата не е за лица помлади од 14 години. Во претставата се користат пиротехнички средства.