Свети Стефан, патријарх Цариградски

Свети Стефан, патријарх Цариградски бил син на царот Василиј Македонец и брат на царот Лав Мудриот.

На патријаршискиот престол дојде после Фотиј и со Црквата Божја управуваше од 889 до 893 година. Мирно се упокои и се престави кај Господ, когошто многу го љубеше.