ПС Струга поднесе кривична пријава против лицето Д.М. (31) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 29.03.2017 година во 23:30 часот на ул. „Пролетерски Бригади“ во Струга од страна на полициски службеници бил извршен преглед над пријавениот при биле пронајдени и одземени 1,4 грама марихуана.