Пронајдена дрога во возило кај Рача – приведено едно лице, другото е во бегство

Вчера околу 04:50 часот на ул. „Наум Охридски“ во н.Рача – Охрид, од страна на полициски службеници бил даден знак за застанување на ПМВ„Шкода Фабиа“ со скопски регистарски ознаки.

Возилото не застанало, туку ја намалило брзината, а две лица излегле од возилото и побегнале. По преземени мерки во врска со настанот, во ПС Охрид бил приведен С.Д.(65) од Битола.

При прегледот, во возилото била пронајдена и подигната за вештачење поголема количина опојна дрога, најверојатно „марихуана“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на другото лице и за целосно расчистување на настанот.