Прв Бреинобреин Демо Фест на младите таленти

Првиот БРЕИНОБРЕИН ДЕМО ФЕСТ на децата кои ја посетуваат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, кој поради вчерашните временски непогоди беше одложен, ќе се одржи денес (31.05.2017г.) во предворјето на црквата Св.Софија со почеток во 18:30 ч.

Преку 100 деца на возраст од 4-14 години на атрактивен и креативен начин ќе ги презентираат знаењата, техниките и вештините кои ги стекнале и развиле со следење на Бреинобреин програмата, а кои ја потенцираат фотографската меморија, нумеричките и вербални способности, мултитаскингот.