Со повеќе активности ќе се одбележи Неделата на животната средина

Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти Јуни Светскиот ден на животната средина првата недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на животната средина“ во која ќе бидат опфатени повеќе активности.

Целта на организирањето на оваа „Недела на животната средина“ е што повеќе да се укаже на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина.

Во текот на Неделата на животната средина предвидени се повеќе активности:

1. Ќе се реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид “

Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 500 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: „Железничка“, „Прилепска“ „Винковачка“, „Будва“ и „Кленоец“. Акцијата ќе се реализира на 06 јуни(вторник) и 07 јуни (среда) 2017г.

Делењето на цвеќињата ќе се изврши во расадникот на ЈП Комуналец на 06 јуни

(вторник) и 7 јуни (среда) 2017г. од 9 до 13 часот.Граѓаните од горе споменатите

улици, цвеќето ќе можат да го подигнат со лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.

2. Акција за собирање на стара хартија во соработка со основните и средните училишта од Охрид.

Акцијата за собирање на стара хартија наменски се организира на крајот од школската година за да можат учениците да ги донесат сите непотребни списанија,тетратки и друга хартија во дворот на нивното училиште каде ќе бидат поставени соодветни садови за одлагање на хартијата. Во акцијата ќе можат да се вклучат сите граѓани и институции од Охрид , кои исто така својата отпадна хартија можат да ја донесат до за нив најблиското училиште.Акцијата за собирање на стара хартија ќе се одвива на 05 јуни (понеделник) 2017г. од 8 до 15 часот.