Учениците од III година при ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“- Охрид, во периодот од 25.05 до 30.05 реализираа завршна екскурзија во Италија. Екскурзијата беше изведена во согласност со годишната програма за работа на училиштето и правилникот за начинот на изведување на училишните екскурзии на учениците од средните училишта.
Во рамки на петдневната екскурзија, 90 ученици и 4 наставници според програмата ги посетија националниот парк Плитвички езера, градовите Верона и Венеција во Италија и Постојнска јама во Словенија, при тоа развивајќи позитивен однос кон националните, интернационалните, културните и естетските вредности, како и поттикнување и манифестирање на позитивни емоции, другарување и поддршка, солидарност и подобро взаемно запознавање.