Дефиле низ охридските улици по повод Светскиот ден за заштита на животната средина

Во рамки на своите програмски активности, а по повод 5 јуни – Светскиот ден за заштита на животната средина, Црвен крст Охрид преку своите волонтери од програмата „Грижа за стари лица” ќе организира дефиле со едукативен карактер, низ улиците на Охрид, со цел подигнување на свеста и свртување на вниманието на јавноста кон бројните еколошки проблеми во светот и кај нас.

Дефилето ќе започне на 5-ти јуни 2017 година, понеделник, во 11:00 часот од пред седиштето на Црвен крст Охрид, а поворката ќе се движи по тротоарите на улица „Димитар Влахов“, градскиот плоштад и ќе заврши кај плоштадот Крушевска република (кај Чинарот) каде што волонтерите од Црвен крст Охрид ќе читаат еколошки пораки, пораки за хуманост и ќе демонстрираат правилно одлагање и селектирање на отпадот.

Учеството во ова дефиле е отворено за секој наш сограѓанин кој ја почитува и сака природата.