Факултетот за безбедност-Скопје во коорганизација со фондацијата „Ханс Зајдел„ и Комората на Република Македонија за приватно обезбедување од денес (04.06.2017 год.) во наредните три дена до (06.06.2017 год.) во хотел „Метропол„ во Охрид е домакин на 8-та по ред голема меѓународна научна конференција од областа на безбедноста на тема „Безбедносни концепти и политики- новата генерација на ризици и закани“.
На овој научен собир ќе земат учество над 120 учесници професори и експерти од 15 земји од светот меѓу кои од САД, Шпанија, Италија, Турција, Чешка, Романија, Полска, Словенија, Хрватска, Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Република Македонија и други.
Факултетот за безбедност-Скопје ја продолжува ориентацијата за организирање на меѓународни конференции во областа на безбедноста со цел да дава придонес во развојот на научната мисла, а на креаторите на политики и на носителите на одлуки на регионално, национално и локално ниво им се помагне, со помош на сознанијата и истражувачките резултати, побрзо, поедноставно и навремено да ги надминат практичните проблеми со кои се соочуваат.
На Конференцијата ќе бидат презентирани над 100 трудови на теми од тематските области: Реформи во безбедносниот систем, Полицијата и науката, Геополитика и интеграциите во безбедност, Криминологија и кривично право во функција на безбедноста, Криминалистичка аспекти на безбедноста, владеењето на правото, демократијата и човековите права.
Отворањето на конференцијата е вечерва (04.06.2017 год.) во 17.00 часот во хотел Метропол во Охрид каде главни говорници ќе бидат еминентни универзитетски професори од САД, Кралството Шпанија, Италија и Република Македонија.
Марко Ломбарди од Католичкиот Универзитет од Милано, Италија ќе говори на тема “Новите идеи и нови алатки за борба против тероризмот-како безбедносен предизвик”, Карлор Флорес Јуберија од Универзитетот од Валенсија, Шпанија ќе говори за прошурувањето на ЕУ, за реконцептуеализација на безбедноста како концепт ќе се освране професор Снежана Никодиновска Стефановска од Факултетот за безбедност-Скопје, а професорот Нанче Марк од Државниот Универзитет од Северна Каролина, САД ќе говори на тема „”Агенда за разбирање недозволена пазари и лекциите од истражувањето за спречување на перење пари”.
Утре Понеделник 05.06.2017 година во 09.30 часот во хотелот Метропол во Охрид ќе се одржи панел дебата на тема “Безбедносни предизвици во Југоисточна Европа” на која ќе говорат професори од Турција, Чешка, Бугарија, Хрватска и Македонија.
На научната дебата за безбедносните ризици ќе имаат свои излагања Премислав Росулек од Чешкиот Универзитет на тема “Руската геополитички шаховска табла и на Балканот – од исток кон запад и назад?”, Садан Инан Рума од Универзитет од Истанбул ќе говори за безбедносна на обичните луѓе, хрватскиот професор Марта Зорко од Загребачкиот Универзитет ќе се осврне за влијанието на геополитичките прашања за состојбата во регионот, Златогор Минчев од Бугарската академија на науките ќе говори на тема “Југоисточна Европа ризици за безбедноста и предизвици приближува и предвидувања”, а професорот Жидас Даскаловски од Факултет за безбедност, Скопје, ќе говори на тема “Геополитичките и локални натпревари – Евро-атлантизмот, национализам, авторитаризам и тероризмот”.
Научната конференција во Охрид предвидена за 2017 треба преку научните прилози да придонесе, низ дебата, да се одговори на прашањата што предизвикуваат интерес во научната и за општествената јавност и се дефинира новата генерација на ризици и закани по безбедноста.
Воедно за време на Конференцијата ќе бидат промовирани универзитетски книги кои ги издаде Факултетот за безбедност-Скопје во изминатите шест месеци од авторите Владимир Ортаковски, Миодраг Лабовиќ, Злате Димовски, Жељимир Кешетовиќ, Неџат Корајлиќ, Иван Тотх и Марјан Ѓуровски.
Мисијата на конференцијата е да се поттикнат академската заедница и практичарите од областа на безбедноста да разменуваат сознанија базирани на користење на научни методи за истражувања од областа, но и да се исползуваат искуства од практиката за да може на истите да им се даде научно-истражувачка димензија. Идејата за организација на конференцијата содејствува со новите трендови во областа на безбедност, поточно со новите генерација на ризици и закани по безбедноста и меѓузависноста со безбедносните концепти, стратегии и политики во однос на справувањето со нив.