Проекција на краткометражниот игран филм за деца „Сказна за Вилен“ во ОУ „Св.Климент Охридски“

„Сказна за Вилен“, краткометражниот игран филм за деца во режија на Никица Мишева, ќе ја има својата прва проекција на 7. 6. 2017 (среда) во салата при ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид со почеток во 10. 00 часот. Ова е прв македонски филм чие сценарио е работено според истоименото дело на познатиот македонски писател Глигор Поповски.

Во реализацијата на филмот учествуваа Димитрие Ристески, камерман, и Тони Нически, монтажер.

Главната улога му е доверена на Ѓорѓи Чинго, а во останатите улоги се појавуваат Марко Дуданов, Виктор Момировски, Смиле Наумоски и Мирко Томовски.