Видео записот за темата „Омилена“ на Тајзи денеска ја имаше својата интернет премиера на каналот на продукцијата Балкатон.
Спотот е дело на режисерот Илија Жоговски, а во него учествуваат над 50 статисти и е сниман на повеќе локации во Македонија и Грција. Песната е во летен регетон ритам, со љубовни стихови и позитивни вибрации.
Вчеравечер на Телеком Арената „Филип Втори“, за време на натпреварот Македонија- Шпанија за првпат „Омилена“ беше промовирана пред јавноста, а денес ја доживеа и својата видео промоција. Покрај оваа песна, на каналот на Балкатон беше промовирана и новата песна на Ана Николиќ и Раста, кој е близок соработник на Драган Величковски Тајзи.
Во продолжение, еве го видеото за најновата песна на Тајзи: