Заев: Останувам на располагање да дадам придонес за целосно расветлување на прислушувањето!

Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,

Денеска сум присутен во Специјалното јавно обвинителство, на повик на Специјалното јавно обвинителство како сведок, оштетен во предметот Таргет или прислушувањето, каде што беше неопходна потребата од моја изјава во функција на тој предмет кој што Специјалното јавно обвинителство го работи. Јас завршив, за денеска со давањето на изказ. Надлежниот обвинител кој го води предметот, доколку има дополнителна потреба од мој исказ како сведок – оштетен или само како сведок или на каков било начин, останувам на располагање, се со конечна цел да дадам свој придонес во севкупното расветлување на незаконското прислушување во Република Македонија.

Одговори на новинарски прашања:

П: Господине Заев, Советот на јавни обвинители прифати разрешување на државниот јавен обвинител. Кога ќе ја почнете постапката во Собранието?

Владата донесе заклучок кој се упати до Советот на јавни обвинители да даде свое мислење за да продолжи постапката. Секако, доколку одлуката е конечна и јавно објавена, постапката продолжува пред Собранието на Република Македонија, за разрешување на државнио јавен обвинител Марко Зврлевски. Јас не знам дали Владата има други надлежности околу постапката за разрешување. Доколку има, Генералниот секретар веднаш ќе постапи согласно сите законски упатства по кои ние мора согласно закон да постапиме. Но, колку што сум јас упатен, Владата ја отпочна постапката, односно даде предлог за разрешување на државниот јавен обвинител. Во функција на процедурата е мислењето на Советот на јавни обвинители и штом ќе биде завршено мислењето на Советот на јавни обвинители, кое што еве ви кажувате дека е готово, постапката продолжува пред Парламентот на Република Македонија. Доколку Парламентот на Република Македонија донесе одлука за разрешување на државниот јавен обвинител, веднаш сме спремни, како Влада за отпочнеме постапка за предлог до Советот на јавни обвинители за мислење за нов државен јавен обвинител кое што понатаму продолжува во постапка за избор во Собранието на Р.М.

П: Знаете ли кој ќе биде новиот државен јавен обвинител и дали ќе останете на тоа дека треба да доаѓа од експертската фела?

Моја лична волја, а се надевам и на Владата е дека ќе водиме грижа, заради тоа што оваа значајна функција во Република Македонија, а тоа е да се води државното јавно обвинителство е една од најзначајните карики која што ќе каже дали државата породолжува да биде окупирана од политиката и наметнато влијание на политиката во правната држава или конечно Република Македонија ќе исчекори кон независно правосудство, каде што и самото државно обвинителство ќе биде експертски поставено, независно и во интерес на заштита на законите и Уставот на Република Македонија. Мој личен став е, ние на Влада се уште немаме разговарано за ова прашање, но како прв меѓу еднаквите во Владата мој личен став е државниот јавен обвинител да биде експерт, на кој ќе му веруваат сите граѓани на Република Македонија. Не ние политичарите, дури не ниту вие новинарите, туку граѓаните на Република Македонија во него да гледаат експертска поставеност во заштита на Уставот и законите на Република Македонија.

П: Дали на денешната владина седница се избраа нови први луѓе на БЈБ и УБК и дали тие ќе дојдат од редовите СДСМ или пак од другите коалициски партии?

Не, денеска имаше само едно кадровско прашање до Владата, тоа беше на предлог на министерот за внатрешни работи се избра новиот Државен секретар во Министерството за внатрешни работи. Владата донесе одлука со што ја избра Магдица Несторовска за Државен секретар во МВР. Немавем други кадровски прашања, освен констатацијата на престанување на мандатот на кои беа досега, а донесоа одлука да користат апанажа. Владата денеска констатираше престанок на нивниот мандат, за да можат да го остварат своето законско право за апнажа. Сите други државни секретари кои одлучиле да се вратат на своите претходни позиции, го направија тоа. Што значи дека сите позиции на државни секретари во институциите на извршната власт се веќе ослободени. Првото место е веќе пополнето. Сите останати државни секретари доаѓаат на предлог и на начин преку именување на министерот на својот државен секретар во соодветното министерство.

П: Кој се побарал апанажа?

Ве молам да се обратите до Генералниот секретар, мислам дека од сите генерални секретари, некои 7-8 луѓе прифаќаат да останат на апанажа. Останатиот дел од државните секретари кои се повеќе од 17 ако не се лажам, се враќаат на своето работно место.

П: Договоривте ли заменици министри со коалиционите партнери?

Се уште не. Јас се надевам дека во текот на денешниот ден, најдоцна до утре сабајле, би требало тоа да биде утврдено, за да можеме ден поскоро, дај Боже и утре да ги предложиме до Собранието на Република Македонија, односно јас како премиер го имам законското право да предложам заменици министри на Владата на Република Македонија до Парламентот на Република Македонија.

П:Наскоро се очекува да има разговори со Коцијас за името, што се очекувањата?

Денеска Министерот за надворешни работи замина за Грција. Нема да се разговара за името, ќе се разговара како да ги унапредиме мерките на доверба помеѓу двете земји. Како отприлика да се насочи пријателството, со тенденција на позачестени состаноци помеѓу високите раководства на Република Македонија и високото раководство на Република Грција, вклучително и премиерите на двете земји. Го очекуваме господинот Нимиц да ја посети и Македонија и Грција, се со конечна цел да ги убрзаме ваквите процеси, при тоа секако, нашиот став е јасен. Ставовите поврзани околу уставното име на Република Македонија ќе ги градиме во конзензус со опозицијата, а ќе бидат конечни на реферндум на кој ќе се изјаснат граѓаните. Зошто негуваме нова надеж? Заради тоа што испраќаме порака на една нова иднина во делот на соработката помеѓу Р.Македонија и Р.Грција, а тоа е иднина којашто ќе гарантира заедничка европска иднина, наместо да заглавиме во историјата како што беше пример до сега. Првите разговори со премиерот Ципрас, првите мои разговори и со министерот Коцијас, но и на нашиот министер за надворешни работи со Коцијас наговестуваат пријателски однос се со конечна цел да побараме поддршка пред се од граѓаните на Грција преточена преку владејачките партии, преку опозиционите партии, преку Владата на Р.Грција, преку Парламентот на Р.Грција да помогнат на Р.Македонија во исчекорот на своите интеграции, а тоа е да ги ослободат процесите заради тоа што навистина процесот на преговорите има можност да тече, сакаме да изнајдеме решение на овој горчлив проблем, пред се за нас, граѓаните на Р.Македонија и за нашата земја, но секако и да ги ослободиме интеграциите на државата, мислејќи на НАТО интеграцијата и отпочнувајќи преговори со Европската Унија.

П: Има уште неколку денови од можноста СЈО да покренува обвиненија, се разгледува лиможноста да се продолжи мандатот и како го коментирате тоа дека до сега во обвиненијата се опфатени лица од ВМРО-ДПМНЕ?

Коментарот за опфатеноста на истрагите треба да го даде Специјалното јавно обвинителство, но јас ќе ја кажам само мојата логична поврзаност, зошто е тоа така. СДСМ и другите опозициони партии немале пристап до јавните фондови, до јавните финансии и моќта, којашто Извршната власт ја нуди, СДСМ и другите опозициони партии имале можност да водат општини, и тие се тука секако со разговорите присутни, заради тоа што и ние сме присклушкувани, јас сум денеска знаете лице сведок, но и оштетен, тоа значи дека и моите телефонски разговори биле прислушкувани. Законот мора да важи еднакво за сите, тоа значи ако Зоран Заев е индикативен и за него постојат сомневања, докази, индиции треба да биде отворена истрага, против било кој член на СДСМ, било која опозициона партија, а согласно тоа и против секој што индикативно е поставен во делот на можно кршење на законот, треба да се води истрага. Јас мојот став јасно го кажувам Специјалното јавно обвинителство е независна институција, формирана со консензус во Република Македонија, таа има свој мандат да заврши комлетно со истрагите поврзани со незаконското прислушкување и сега во оваа позција како премиер и како лидер на новото парламентарно мнозинство, ќе сторам се за својот мандат Специјалното јавно обвинителство да го исполни до крај. Тоа значи да се укине лимитот на поденсување на обвинителните акти за да можат да ја завршат својата постапка до крај, заради тоа што се основани и постојат. Постојат начини, тоа е Парламентот преку две третини, постој можност Уставниот суд да ги разгледа можностите, постои можност за инкорпорирање на Специјалното јавно обвинителство како посебно одделение во Државното обвинителство, постојат и други алтернативи верувам, знам дека ќе сторам се во рамките на дел од кругот на моите надлежности Специјалното јавно обвинителство да ја заврши работата за која што е основано, избрано, и потврдено со консензус во Република Македонија.

П: Дали се планира господинот Верушевски повторно да биде на чело на УБК?

Јас она што досега го знам, во она што претставува потреба од професионалност и експерност и господинот Верушевски ги исполнува сите овие критериуми. Не сум единствен којшто сака да размислува за ова прашање. Мене ми е важно процесите којшто претстојат во реформите на УБК се многу важни да оставам простор преку друго решение, а не господниот Верушевски којшто беше исто така како мене таргет на незаконското прислушкување и мета на нашата Република Македонија преку сите инструменти и механизими да биде поставен на оваа функција. Верувам дека ќе се изнајде решеније од внатре како експерт професионалец којшто пред се, за мене, но и за граѓаните на Република Македонија ќе биде соодветна гаранција дека реформите во УБК ќе бидат завршени успешно и да го доживеам денот да објавам за сите граѓани да кажам дека конечно во Република Македонија повеќе не се прислушкува, тоа ми е важно. Во делот на филозофијата на реформите во УБК, гледам разграничување на се што значи организирање околу заштита на државата од радикализам, тероризам и секаков вид на екстремизам, а сето она што претставува криминал, корупција, незаконски работење на биде санционирано соодветно, тргнато поделеку од рацете на политичарите којшто извршуваат функции во извршната власт.