Светски ден на крводарителството

Секоја година на 14 јуни, земјите ширум светот го одбележуваат Светскиот ден на крводарителството. Целта е да се подигне свеста за потребата од сигурна крв и крвни продукти и да се искаже благодарност кон донаторите на крв.

Крвта е важен ресурс и за планираните третмани и за итните интервенции. Може да им помогне на пациентите кои страдаат од услови кои се опасни по живот, да живеат подолго и со повисок квалитет на живот, а исто така ги поддржува сложените медицински и хируршки процедури. Крвта исто така е од витално значење за лекување на ранетите за време на итни случаи од сите видови (природни непогоди, сообраќајни незгоди, вооружени конфликти итн.) и има суштинско значење во спасувањето живот.

Овогодинешната кампања се фокусира на крводарителството во итни случаи. Во криза или вонредни состојби, природната човечка реакција е прашањето: „Што можам да направам? Како можам да помогнам?“.

Затоа, слоганот на кампањата за 2017 година е: „Што можете да направите? Донирајте крв. Донирајте сега. Донирајте често.“

Кампањата ја нагласува улогата на секој еден човек кој може да ја има во помагањето на другите во итни ситуации, со давање на вреден подарок – крв. Исто така, кампањата се фокусира на фактот дека е важно да се донира крв редовно, за да има доволен број залихи на крв пред да се случи некаков итен случај.

WebOhrid