СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Ш. (19) од с.Слатино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда”.
На 12.03.2017 година околу 05.00 часот, помеѓу ул. „Цар Самоил“ и ул. „Боро Шаин“, К.Б. (45) од Охрид бил пресретнат и нападнат со боксови од страна на пријавениот. Во тој момент К.Б. паднал и се здобил со скршеница на левата рака, а пријавениот му побарал 2000 денари. К.Б. му ги дал парите, а по четири дена пријавениот телефонски повторно му побарал 4000 денари.
На 24.03.2017 година околу 21.00 часот пријавениот, со уште едно непознато лице, отишле во неговиот дом и на неговиот татко му кажале дека К.Б. треба да му врати 4.000 денари, упатувајќи закани по неговиот живот.