НВО „Натура Лаб“ одржа јавен собир изразувајќи незадоволство поради ново отворениот каменолом

Вчера, во периодот од 14:00 до 15:00 часот во с.Боровец, струшко, поточно на спортското игралиште, околу 500 граѓани во организација на невладината организација „Натура Лаб“ од с.Лабуништа одржале ненајавен јавен собир, изразувајќи незадоволство поради ново отворениот каменолом на м.в. „Стижак“ од А.Д „Илинден“ – Струга.

За време на собирот немало нарушување на јавниот ред и мир.