Сигурна победа на македонските одбојкари против Албанија

По синоќешната победа од 3-0 против Азербејџан, македонската одбојкарска репрезентација денес забележа уште една победа во рамките од натпреварите од Европската лига. Овој пат, нашата репрезентација со 3-0 ја совлада репрезентацијата на Албанија.

Првиот сет Македонија го доби со 25-21, вториот со 25-16, додека пак третиот со 25-22.

Следниот натпревар Македонија ќе го игра утре против Шведска, со почеток во 19:30 часот.

WebOhrid