26ти јуни, Рамазан Бајрам неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 25 јуни 2017 година (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 26 јуни 2017 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.