Безживотно машко тело, вчера околу 17 часот и 50 минути е забележано во водите на Охридското езеро на плажата „Сараиште“. Телото се наоѓало на дното на езерото на околу четири метри длабочина и на оддалеченост од околу десетина метри од езерскиот брег.
По извршениот увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител и полициски екипи, констатирано е дека удавеното лице е Димитри А. (61 ) од Охрид.
На безживотното тело не се забележани траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, денеска, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.