Основци од „Кочо Рацин“ дел од проектот „Human Differences“

Пред една недела ученици од ОУ „Кочо Рацин“ Охрид почнаа да размислуваат за тоа како луѓето се разликуваат. Денес, проектот вклучува 51 училиште од над 37 земји. Некои ученици одеа на екскурзии, некои креираа навистина моќни видеа, некои создадоа села на Minecraft или користеа Лего во училницата. За да бидат подобри глобални граѓани, учениците треба да се справат со големи нешта. Реалните светски вештини за решавање на проблемите и иновации се од витално значење за да бидат активни учесници во 21-от век, информираат од ОУ „Кочо Рацин“.

Целта на овој глобален проект, е да им обезбеди можност на учениците од над 10 земји од повеќе од шест континенти, да изградат сопствено знаење за разликите меѓу луѓето и да создадат начин на размислување за надминување прифаќање на тие разлики. Учениците ќе бидат охрабрени да ги користат своите способности за критичко размислување и расудување за да изградат длабоки сознанија за тоа зошто постојат разлики, каков ефект имаат тие врз нашите животи и кои критериуми треба да се искористат за да се утврди вредноста на работите по кои сè разликуваме.  Учениците ќе ги презентираат нивните наоди секоја недела во дигитален формат по нивен избор (Office Mix, Sway, Video, итн.) на веб-страната „Human Differences”, така што тие можат да учат едни од други и да постават сцена за вистинска интеракција.

Проектот траеше цел месец мај, а учествуваа и ученици од IV 2 одд. од ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид. Координатор на проектот е наставничката Виолета Петковска.