Работник починал при изведување работи во каменолом

Вчера околу 15:00 часот во болницата „Св.Еразмо“ Охрид, бил донесен починат В.М. (61) од Струга.

Тој бил вработен во фирма, кој изведувал работи во каменоломот на местото викано „Стрижак“ на планината Јабланица.

Увид на местото на настанот извршила екипа на ПС Струга. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.