ВМРО-ДПМНЕ: СДС да продолжи со реализацијата на проектите од важност за граѓаните

ОК на ВМРО -ДПМЕ испрати реакција во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид. Во неа стои:

„СДС да почне да работи за доброто на граѓаните и да продолжи со реализацијата на проектите од важност за граѓаните, кои ВМРО-ДПМНЕ ги испланира и започна како што е автопатот Кичево – Охрид. Автопатот Кичево –Охрид е една од најкапиталните инвестиции во инфраструктурата во Република Македонија, која ја испланира и започна Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и единствено што му останува на СДС е да го доврши овој проект од големо значење за целата држава. СДС не може да ја прикрие сопствената неспособност во менаџирањето со државата, со лаги и манипулации и разни изговори кои секојдневно ги пласираат во јавноста. СДС да престане да се однесува како опозиција и да продолжи со реализација на мерките и проектите кои им ги ветија на граѓаните. Граѓаните од СДС очекуваат да ги реализира новите 500 километри автопатишта, 550 километри магистрални и регионални патишта и 1000 километри локални патишта што ги вети на граѓаните, а не да наоѓаат изговори за не реализација на проектите во инфраструктурата на кои ВМРО-ДПМНЕ ги започна и од кои повеќето се во крајна фаза на реализација.“ – стои во реакцијата.