Запалени контејнери кај Лабино

Дежурните екипи на ЈП „Охридски Комуналец” повторно затекнаа два комплетно изгорени контејнери, овој пат кај плажата Лабино.

Овие контејнери се користеа од страна на угостителските објекти на потегот од Св. Софија до Канео. Од претпријатието апелираат да не се уништуваат јавните добра и јавната опрема, затоа што ако се продолжи, истите ќе бидат повлечени од употреба.