По разговорите со неколку преработувачки капацитети за овошје и зеленчук и со цел да им се излезе во пресрет на овоштарите кои неможат да го продадат родот на праските по пристојни цени, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство презеде соодветна финансиска мерка, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Овоштарите кои имаат засадени површини со праски и кои родот го продале во преработувачки капацитети за овошје во земјата или во странство по откупна цена не повисока од 5 денари по килограм, директно или преку еден регистриран откупувач, во период од 12 јуни 2017 година до 30 јуни 2017 година, имаат право на субвенција во висина од 6 денари по килограм.“
Од разговорите со производителите на праска и од анализите кои ги направивме може да се забележи дека сегашниот род на праските е со многу лош квалитет поради неажурноста на институциите пред се на неспособноста на водостопанското претпријатие навреме да го отстрани дефектот во тој регион и да обезбеди доволно вода за наводнување, истакна министерот Николовски.