Од денес календарски започнува летото

На северната Земјина полутопка денес 21-ви јуни, календарски започнува летото и ќе трае до 22-ри септември кога почнува есента. Во исто време за жителите на јужниот дел на Земјината полутопка почнува зимата.

Летото почнува во 06:24 чaсoт, кога денот е најдолг, а ноќта најкратка.

За првиот летен ден метеоролозите најавуваат променливо облачно време со услови за слаб дожд, со температура до 26 Целзусови степени.

WebOhrid