Кривична пријава за државјанин на Сириска Арапска Република поради бесправно градење

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.А. (47), државјанин на Сириска Арапска Република и против правно лице ДТУ „РАНА ЈК” Охрид ДООЕЛ.

Во текот на 2017 година, пријавените, како сопственици и инвеститори на градба на катарстарска парцела во Велгошти, спротивно на законот за градење, односно без одобрение за доградба издадено од надлежен орган, на семејна куќа бесправно доградиле приземје и поткровје.

Во текот на март и април годинава, овластен градежен инспектор од општинското Одделение за инспекциски надзор, извршен е надзор при што истиот констатирал незаконитости и потврдил дека се работи за бесправно дограден објект,спротивно на Законот за градење.