Вчера околу 14:00 часот во Охрид на плажа во Пештани, од водите на Охридското езеро со знаци на живот бил изваден К.К. (37) од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ-Охрид од каде било добиено известување дека истиот се наоѓа во животна опасност.
Поради сериозноста на здравствената состојба вчера К.К. бил пренесен од Охридската Општа Болница во „Карил“ при Клиничкиот центар “Мајка Тереза“.