МАРРИ Министерски форум во Белград

Денеска во Белград се одржа МАРРИ Министерскиот Форум, кој го отвори министерот за внатрешни работи на Република Србија, м-р Небојша Стефановиќ, а во име на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија учествуваше државниот секретар м-р Магдалена Несторовска.

Во своето обраќање м-р Несторовска потенцира дека Република Македонија недвосмислено ќе продолжи со поддршката на активностите на МАРРИ, особено во делот на реформите на самата иницијатива. Имено, беше договорено Република Македонија да ја има водечката улога во процесот на реструктуирање на Регионалниот Центар во Скопје, со што ќе придонесе кон зајакнување на севкупните капацитети со кој истиот располага.

На маргините на Форумот, м-р Несторовска оствари повеќе билатерални средби со претставници од земјите и меѓународните организации.