Претставување на Александар Чотриќ, сатиричар од Белград (Србија) во охридската библиотека

Културниот центар „Бран” и Ревијата за книжевност „Бранувања” од Струга и НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид во рамките на VII-та Меѓународна манифестација „Струшки книжевни средби” организираат Претставување на Александар Чотриќ, сатиричар од Белград (Србија).

Промотори се Тоде Илиевски и Петко Шипинкаровски.

Настанот ќе се одржи на 06.07.2017 година (четврток) во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид, со почеток во 19:00 часот.